Прв состанок на кој е воспоставена Регионална мрежа на проектни учесници – практичари во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело
Објавено на: 28 октомври 2020

На 27 октомври 2020 година AIRE центарот во соработка со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство воспостави Регионална мрежа на проектни учесници кои во практиката се вклучени во одземање на имотна корист стекната со кривично дело, како платформа за размена на информации и добра практика за одземање на имотна корист стекната со кривично дело. Платформата ќе ја подобри координацијата и соработката на регионално и меѓународно ниво.

На настанот присуствуваа претставници од сите земји кои учествуваат во регионалниот проект на AIRE центарот за одземање на имотна корист стекната со кривично дело. Целта на состанокот беше да се воспостави и консолидира Регионална мрежа на проектни учесници, а на состанокот се дискутираше за планот за воспоставување на затворена платформа на заедницата каде што можат да се споделат ресурси и добра пракса меѓу учесниците во проектот.

Настанот беше организиран со поддршка во рамките на регионалниот проект на AIRE центарот, што е посветен на проширување на соработката во Југоисточна Европа во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело, во склоп на борбата против корупцијата и организираниот криминал.