Зона на членови

Ресурси

Борба против корупцијата и организираниот криминал во Западниот Балкан преку зајакнување на регионалната соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело

Последни вести

Преку 100 судии, обвинители и други експерти од Западниот Балкан учествуваат на конференција за одземање незаконски стекнат имот

Преку 100 судии, обвинители и други експерти од Западниот Балкан учествуваат на конференција за одземање незаконски стекнат имот

Сараево, 15. март 2023 година ― Преку 100 судии, обвинители, професори и други експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Хрватска и Италија се собраа денес во Сараево на конференцијата „Ефективно одземање имот стекнат со...

read more
100 идни судии и јавни обвинители од Северна Македонија учат за важноста што одземањето имот стекнат со кривично дело ја има во борбата против корупцијата и организираниот криминал

100 идни судии и јавни обвинители од Северна Македонија учат за важноста што одземањето имот стекнат со кривично дело ја има во борбата против корупцијата и организираниот криминал

На 2. март во Скопје, AIRE центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, одржаа обука за судии и јавни обвинители во врска со одземање имот стекнат со кривично дело, за процесот на...

read more
Судијката Мирјана Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото

Судијката Мирјана Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото

Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Северна Македонија и национална координаторка на проектот на AIRE/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело, денес истакна дека...

read more

За платформата

Ефикасното спроведување на законската регулатива е невозможно без споделување знаења и искуства. Центарот AIRE и RAI го ставија тоа како врвен приоритет, здружувајќи ги судиите, обвинителите и другите експерти кои работат на полето на враќање на имотот. Овие напори доведоа до препознавање на потребата од воспоставување АР Платформа.

Ефективно спроведување на постоечката легислатива, и националната и меѓународната, е од клучно значење за успехот на борбата против криминалот и довербата на јавноста во националните и меѓународните институции. АР Платформата за одземање на имотна корист стекната со кривично дело во Западниот Балкан е поставена за да биде лесно достапна алатка за практичари, но исто така за припадници на академската заедница, доносители на одлуки, новинари и студенти, така што овозможува пристап кон релевантни едукативни материјали и публикации, новости и информации за најнеодамнешни случувања кои се значајни за регионот, студии на случај и примери од добра пракса.

Платформата е воспоставена да ја:

олесни комуникацијата и размената на практики меѓу практичарите од областа на одземање на имот стекнат со кривично дело

да обезбеди пристап до упатства и други ресурси

да стане алатка за залагање за напредок, така што ќе поттикнува идеи и иницијативи за зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Преку оваа платформа, сакаме да обезбедиме поголема пристапност и да помогнеме во подигнувањето на свеста за одземање на имот стекнат со кривично дело како една од главните алатки во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Како онлајн алатка, Платформата го поддржува функционирањето на AР мрежата.

За проектот

AIRE центарот во соработка со Секретаријатот на РАИ и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство го спроведува тригодишниот проект „Борба против корупцијата и организираниот криминал во Западниот Балкан преку зајакнување на регионалната соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело“.

Со овој проект се опфатени Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, a во него учествуваат и Бугарија, Хрватска, Молдавија и Романија.

Регионалниот проект за одземање на имотна корист стекната со кривично дело се фокусира врз:

Унапредување на програми за зајакнување на капацитетот на клучните институции, особено преку идентификување и споделување на најдобрa праксa и поуки,

Поттикнување на регионална и меѓународна соработка во процесот на одземање на имотна корист што е стекната со кривично дело,

Набљудување на ефективното спроведување на мерките за одземање на имотна корист стекната со кривично дело во регионот,

Промовирање на стории за остварени успеси и позитивна пракса во целиот регион.

 

Активностите опфаќаат:

Воспоставување на регионална мрежа на стручњаци за одземање на имотна корист стекната со кривично дело така што комуникацијата, дијалогот и соработката во регионот да продолжат да растат и да се поттикне примената на меѓународните стандарди.

Поддржување на преговори меѓу јурисдикциите за сеопфатни двострани и повеќестрани спогодби за поделба на одземен имот, усогласени со меѓународните конвенции и најдобрата пракса.

Развивање и залагање за усвојување на стандардизиран модел за прибирање и анализа на статистички податоци за одземен имот во Западниот Балкан.

Програми за градење на капацитетот на клучните институции, особено преку идентификување и споделување на најдобрa праксa и поуки.