Борба против корупцијата во Западниот Балкан: зајакнување на регионалната соработка на полето на одземање на незаконски стекнат имот
Корупцијата е еден од најраспространетите и непопустливи предизвици за владеењето на правото. Во Југоисточна Европа и низ целиот свет таа поставува бариери за деловни и индивидуални можности, ги исцрпува силата и авторитетот на правосудните системи и исцедува средства од државнaтa каса, пренасочувајќи ги парите од продуктивна и корисна употреба кон криминалнa активност.
Ефективните мерки за одземање на незаконски стекнат имот се клучни за борба против корупцијата и сите форми на криминал. Ваквите мерки служат да ја заштитат легитимната економија, да ги поткрепат даночните приходи, да создадат имот за јавно добро, да помогнат во поддржување на владеењето на правото, да ги ослабнат мотивациите за вршење кривични дела и да ги одвраќаат луѓето од незаконски активности.