На 15 декември 2020 година AIRE центарот во партнерство со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство го организираше првиот состанок на Регионалната мрежа на учесници – практичари во проектот за одземање на имотна корист стекната со кривично дело.
На настанот со свои претставници беа застапени сите земји кои учествуваат во регионалниот проект на AIRE центарот за одземање на имотна корист стекната со кривично дело.
Настанот беше организиран со поддршка во рамките на регионалниот проект на AIRE центарот, посветен на зајакнување на соработката во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело во Југоисточна Европа, во склоп на борбата против корупцијата и организираниот криминал.