Онлајн двостран состанок меѓу претставници на Албанија и Косово* за меѓународна соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело
Објавено на: 4 февруари 2021

На 3 февруари 2021 година AIRE центарот во партнерство со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство организираше онлајн двостран состанок меѓу претставници на Албанија и Косово, чија тема беше унапредување на меѓународната соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело.

На настанот учествуваа претставници на Министерствата за правда на Албанија и Косово кои разговараа и со релевантните национални проектни координатори.

Настанот беше организиран со поддршка во рамките на регионалниот проект на AIRE центарот, посветен на зајакнување на соработката во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело.