Од 20 до 24 мај 2019 година AIRE центарот во партнерство со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство организираше посета во релевантни институции во Обединетото Кралство со цел на практичарите и експертите кои учествуваа во посетата да им се пренесат сознанија за меѓународните стандарди и добра пракса за одземање на имотна корист стекната со кривично дело.
Во посетата учествуваа обвинители, судии, претставници на правосудни институции и експерти за одземање на имотна корист стекната со кривично дело од цела Југоисточна Европа. Учесниците во текот на студиската посета беа запознаени со искуствата и гледиштата на претставници на Службата за ризици и разузнавање на Даночната и Царинската управа, одделите за борба против национален и меѓународен стопански криминал и за борба против корупција на Националната криминалистичка агенција, експерти за перење пари во Крунскиот суд во округот Саутверк во Лондон и Крунското обвинителство.
Настанот беше организиран со поддршка во рамките на регионалниот проект на AIRE центарот, посветен на зајакнување на регионалната соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело, со цел да се унапреди борбата против корупцијата и организираниот криминал.