Координативен состанок за мапирање на тековни проекти за пружање на техничка помош во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело кои се спроведуваат во Западниот Балкан
Објавено на: 27 септември 2021

На 27 септември 2021 година беше оддржан координативен состанок за мапирање на тековни проекти за давање на техничка помош во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело кои се спроведуваат во Западниот Балкан.

Цел на состанокот беше да се подигне свеста за тековните и идните планирани проекти за одземање на имотна корист стекната со кривично дело во регионот на Западниот Балкан и да се дискутира за користа од одржување на редовен координативен состанок на оние кои даваат техничка помош во областа на одземање на имотна корист што е стекната со кривично дело во Западниот Балкан.

Учесниците се фокусираа врз домашно и меѓународно одземање на имотна корист, конкретно врз финансиска истрага, замрзнување, запленување (привремено одземање) и управување со одземен имот, конфискација на имотна корист и одземање на предмети, меѓународна соработка, располагање и употреба на одземениот имот (имотна корист) и прибирање на статистички податоци за одземениот имот (имотна корист) што е стекнат(а) со кривично дело.

По состанокот беше подготвен извештај што ги мапираше регионалните проекти за одземање на имотна корист стекната со кривично дело, со цел да се идентификуваат недостатоци во поддршката на корисниците и да се избегне преклопување на активностите на давателите на техничка помош во регионот.