AIRE центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) се темелник нa ефективната борба против организираниот криминал и корупцијата
Програмата за Западниот Балкан на АIRE центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) ги здружија силите за проширување и подобрување на капацитетите на регионалните правосудни органи и институции за борба против корупцијата и организираниот криминал во Западниот Балкан, Бугарија, Хрватска, Молдавија и Романија, преку зајакнување на регионалната соработка за одземање на имот стекнат со кривично дело. Со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, РАИ и AIRE центарот ја воспоставија Регионалната мрежа на експерти за одземање на имот стекнат со кривично дело, која работи во соработка со правосудните институции, лицата на високи позиции кои одлучуваат, професионалците за одземање на имот стекнат со кривично дело и академската заедница.
АИРЕ центарот е невладина организација која ја унапредува свеста за човековите права од европското право и обезбедува поддршка за жртвите на повреди на човековите права. Тим од меѓународни правници дава информации, поддршка и совети за правните стандарди на Европската Унија и Советот на Европа. Тој има особено искуство во водење судски спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и учествуваше во над 150 предмети. Во период од дваесет години, AIRE центарот изгради неспоредливо значаен углед во Западниот Балкан, дејствувајќи на сите нивоа на правосудните системи во регионот. Тој дејствува во тесна соработка со министерствата за правда, центрите за обука на судии и обвинители и со уставните и врховните судови за да предводи, поддржува и помага долгорочни проекти за развој на владеењето на правото и за реформи. Исто така, AIRE центарот соработува со невладиниот сектор од целиот регион за да помогне во поттикнувањето на законските реформи и почитувањето на основните права. Основата на целата негова работа отсекогаш била да обезбеди секој практично и ефективно да може да ги ужива своите законски права. Во пракса, ова значеше промовирање и олеснување на адекватно спроведување на Европската конвенција за човекови права, помагање на процесот на европска интеграција преку зајакнување на владеењето на правото и обезбедување на целосно признавање на човековите права и поттикнување на соработката меѓу судиите и правните професионалци низ целиот регион.
Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) е меѓувладина регионална организација, чија мисија е да ја предводи регионалната соработка за поддршка на антикорупциските напори со обезбедување на заедничка платформа за дискусии преку споделување знаење и најдобри практики. РАИ дејствува како регионален центар преку кој владите од регионот ги здружуваат своите напори за да помогнат во сузбивањето на корупцијата во Југоисточна Европа. РАИ има девет земји-членки: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Србија, а Грузија, Полска и Словенија се набљудувачи.
РАИ служи како конкретна и видлива демонстрација на посветеноста на нејзините земји-членки за континуирана, усогласена и координирана борба против корупцијата во Југоисточна Европа. РАИ има изградено заедничка регионална платформа за дискусии меѓу владите и граѓанското општество и ефикасно ја остваруваше својата мисија преку обука прилагодена на потребите, пренесување на знаења меѓу колеги и размена на современи непосредно употребливи знаења, иновативни алатки за комуникација и споделување добри практики во мултидисциплинарен амбиент.
За Мрежата
Регионалната мрежа за одземање на имот стекнат со кривично дело обезбедува да може да продолжи растот на комуникацијата, дијалогот и соработката во регионот, помагајќи да се вградат релевантните меѓународни стандарди.
Мрежата за ОИСКД е простор за посветени професионалци и експерти за зајакнување на врските и соработката со цел да се унапредат партнерствата и регионалниот пристап за одземање на имот стекнат со кривично дело. Таа создава амбиент во кој дијалогот и соработката во регионот може да продолжат да растат, помагајќи да се вградат релевантните меѓународни стандарди и нивното спроведување во целиот регион.
Криминалот не познава граници. Институциите кои се борат против криминалот се ограничени со граници и јурисдикции. Во оваа разлика лежат многу предизвици со кои се соочуваат институциите во нивната мисија да се борат против неказнивоста. Од 2018 година, AIRE центарот (AIRE) и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) спроведоа регионален проект за зајакнување на капацитетот на клучните институции за ефективно спроведување на мерките за одземање на имот стекнат со кривично дело, фокусирајќи се врз поттикнување на регионалната соработка во случаите на одземање на имот стекнат со кривично дело. Проектот веќе доведе до значителни подобрувања во вештините и капацитетот на јурисдикциите ширум Југоисточна Европа за спроведување на ефективни режими за одземање на имот стекнат со кривично дело. Сега е од витално значење да продолжиме да ги развиваме овие вештини и да ги вградиме најдобрите практики во справувањето со случаите на одземање на имот стекнат со кривично дело, за да обезбедиме придобивките од проектот да траат во годините што доаѓаат.
Ова е причината зошто прекуграничната соработка е суштинска за антикорупциските мерки. Затоа, целта на Мрежата за одземање на имот стекнат со кривично дело (Мрежа за ОИСКД) е да создаде широка мрежа на судии и обвинители, претставници на агенциите за управување со одземен имот, академици и други професионалци, за да се зајакне регионалната соработка во конфискацијата на имотната корист од кривични дела. Мрежата за ОИСКД е наменета да ја подобри комуникацијата и соработката меѓу професионалците во регионот, што конечно ќе доведе до зголемување на меѓународната соработка во случаите на одземање на имот стекнат со кривично дело и интегрирање и усогласување со меѓународните стандарди и најдобрата практика во овој контекст. Според тоа, таа ќе претставува централен дел од програмите за градење на капацитетот.
Мрежата за ОИСКД ќе придонесе за идентификување и споделување на најдобрите практики, техники за решавање проблеми и научени лекции. Добрите искуства од Северна Македонија ги инспирират експертите во Црна Гора да се залагаат за промени во постоечкото законодавство што ќе ги олесни практичните предизвици. Примерот од Босна и Херцеговина може да послужи како водич за практичарите во Србија.
Поттикнувањето на регионалната и меѓународната соработка во процесот на одземање на имот стекнат со кривично дело е од клучно значење на овој пат. Заедно можеме да го надгледуваме ефективното спроведување на мерките за одземање на имот стекнат со кривично дело во регионот. Информирани за искуствата од областа, преку Мрежата, можеме да ја унапредиме усогласеноста и стандардизацијата на стандардите и практиката.
Конечно, Мрежата за ОИСКД ќе го зголеми разбирањето на различните национални системи ширум регионот. Секоја обука, состанок и активност е можност да ги споделиме нашите специфични искуства. Преку промоција на стории за остварен успех, Мрежата може и мора да ја приближи темата за одземање на имот стекнат со кривично дело до јавноста. Нашата мисија ќе биде исполнета до крај само со поддршка од луѓето. Со повеќе разбирање на механизмите за борба против криминалот, ќе стекнеме повеќе сојузници. И тоа е клучната тема на нашата мрежа – наоѓаме партнери, учиме еден од друг и растеме заедно.
Членска зона
Платформата има и зона само за членови. Преку оваа зона, членовите можат да бараат и да добијат поддршка од администраторите на платформата.
Зоната обезбедува информации за членовите на мрежата, како и други услуги, вклучително и регистрација на настани.
Доколку веќе сте член, пристапете до зоната ТУКА. Доколку сакате да аплицирате за членство во мрежата за ОИСКД, пишете ни.