Тристран состанок меѓу претставници на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за регионална спогодба за поделба на одземен имот
Објавено на: 11 февруари 2020

На 10 и 11 февруари 2020 година AIRE центарот во партнерство со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство организираше тристран состанок во Белград, Србија меѓу претставници на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, на кој учесниците разговараа за можноста да се склучи регионална спогодба за поделба на одземен имот.

Во настанот учествуваа специјалисти за одземање на имотна корист стекната со кривично дело, практичари, судии и доносители на одлуки од Србија, Црна Гора и цела БиХ. Главни говорници на настанот беа д-р Милан Стевовиќ, директор на Дирекцијата за управување со одземен имот на Република Србија и Владимир Чеклиќ, помошник директор на таа Дирекција.

Учесниците дискутираа за предлози за склучување на регионална спогодба за поделба на одземен имот, вклучувајќи го видот на имотот што би бил предмет на таква спогодба, нејзината примена врз културен имот и нејзиниот однос со дигитален имот, во кој се вклучени крипто-валутите.

Настанот беше организиран со поддршка во рамките на регионалниот проект на AIRE центарот, посветен на зајакнување на регионалната соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело, во склоп на борбата против корупцијата и организираниот криминал.