На 9 февруари 2021 година AIRE центарот во партнерство со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и со поддршка од Владата на Обединетото Кралство организираше регионален веб семинар (вебинар) на тема ефективно одземање на имотна корист стекната со кривично дело, правни стандарди, предизвици и добра пракса.
На веб семинарот учествуваа практичари вклучени во одземање на имотна корист стекната со кривично дело и претставници на правосудни институции од цела Југоисточна Европа.
Главни говорници на настанот беа судијата Michael Hopmeier (Мајкл Хопмајер) од Крунскиот суд од Саутверк во Обединетото Кралство, кој зборуваше зошто, кога и како во Британија се запленува (привремено одзема) и конфискува имотна корист стекната со кривично дело; судијката Мирјана Лазарова Трајковска од Врховниот суд на Северна Македонија, која зборуваше за врската меѓу мерките за одземање на имотна корист стекната со кривично дело и стандардите за човекови права, особено оние од ЕКЧП; д-р Eldan Mujanović (Елдан Мујановиќ), професор на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево, кој зборуваше за неодамнешната практика на проширена конфискација на имотна корист во БиХ; и судијката Радмила Драгичевиќ-Дичиќ од Врховниот касационен суд на Србија, која зборуваше за примери на добра пракса и поуките од неа при одземање на имотна корист од кривично дело во Србија.
Настанот беше организиран со поддршка во рамките на регионалниот проект на AIRE центарот, посветен на проширување на регионалната соработка во областа на одземање на имотна корист стекната со кривично дело во Југоисточна Европа.